• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

Средното машинско училиште на град Скопје „8-ми Септември“ по ова име постои од 2000 година по спојувањето на трите поранешни средни училишта ЕМУЦ „Никола Тесла“, МУ „Гоце Делчев“ и ГМЦ „Чеде Филиповски – Даме“. Во рами на училиштето се образуваат кадри од машинската струка и наставата се изведува на македонски и на албански наставен јазик.
Со поддршка на Нансен дијалог центар Скопје, преку обучување на наставници за интегрирано и интеркултурно образование, училиштето спроведува проектни- интеркултурни активности и гради позитивни односи во пошироката заедница.
Училишниот кадар е особено заинтересиран за промовирање на соработката помеѓу учениците, почитување на разликите и поддршка на нивната интеграција.